ВИДЕО: Се чистат одводните канали и речните корита во Струмичко

Од:

Во општина Струмица досега се исчистени 3.550 метри речни корита и 3.250 метри одводни канали од двете страни на коритата, а истовремено се чисти и во општина Босилово.

На еден од најголемите одводни канали, во близина на селото Сачево кај Пречистителната станица во Струмица, денеска престојуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој, заедно со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и претставници на АД „Водостопанство“ се запозна со текот на акцијата.

Министерот Николовски истакна дека акцијата за чистење на одводните канали и речните корита е помогната и од страна на Владата.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица