Се чекаат резултатите од тестовите за полицаецот за кој има фотографии како „шмрка кокаин“

Од:

Припадникот на полициските служби во ОВР Прилеп за кој „А1он“ објави фотографии на кои се гледа како шмрка кокаин, завчера Секторот за внатрешна контрола го презел од Прилеп и тој бил донесен во Скопје, со цел да му се направат тестови.

„Од буџетот на МВР плативме најскапи тестови и тој е донесен во Скопје уште завчера. Направени се длабински анализи и на крв и на урина, однесени се на Судска медицина и резултатите ќе бидат следната недела. Доколку покажат нешто, секако дека ќе бидат преземени мерки“, изјавија од МВР за „А1он“.

Од друга страна, извесен Миле Андоноски денеска на социјалните мрежи се јави со реакција дека „за случајот се споменувало неговото име и неговите фотографии“, иако нашата редакција не објави име на припадникот на службите во ОВР Прилеп, туку само посочи на проблемот, а остави надлежните служби, односно внатрешната контрола да преземе понатамошни мерки. Во објавениот текст на „А1он“ не пишува дека Андоноски е тој што „шмрка кокаин“, но сепак се поставува прашањето зошто тој како полициски припадник дозволил пред него да се случува незаконско дејство, без да преземе ништо.

„На фотографијата која прво ја објави порталот А1.он.мк. се гледаат две личности од кои едната е наведната. Порталот тврди дека тоа сум јас како наводно „шмркам кокаин”. Е па ќе ве разочарам. ЈАС НЕ СУМ ТОЈ, иако тоа толку бомбастично го објавивте. Јас сум тој другиот на фотографијата што воопшто не гледа на таа страна и пуши цигара во моментот. За да станат работите појасни ЈАВНО ВЕ ПОВИКУВАМ ДА ГО ОТКРИЕТЕ МОЕТО ЛИЦЕ на фотографијата со моја дозвола, во спротивно ќе се соочите со кривична пријава“, пишува Андоноски.

Тој вели дека следното утро по објавувањето бил во Секторот за внатрешна контрола во МВР каде дал изјава, а потоа и крв и урина за анализа за која вели дека „ во најмала рака ќе биде дискутабилна бидејќи крв дадов два пати во две епрувети од за мене непознати причини“.

Андоноски вели дека деновиве ќе поднесе барање за еднострано раскинување на договорот за вработување во МВР.

„Прекинувам да работам во МВР пред се затоа што чувствувам дека тоа е правилно“, пишува тој.

„А1он“ уште еднаш потенцира дека во објавениот текст, кој е од јавен интерес, не објави имиња и презимиња на лица, а замаглена беше и објавената фотографија, со оглед на тоа што целта на нашиот медиум не е да етикетираме и напаѓаме, туку да посочуваме одредени проблеми, системски слабости и злоупотреби, кои понатаму институциите треба да ги решат.

Нашата редакција ќе продолжи да го следи овој случај.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци