А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Се чека средба Заев-Ахмети за почеток на „метлата“

by А1он17/05/2019 - 08:32307
Share0

Кога точно ќе почнат промените во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, општините каде државата е претставена со одредни државни институции, и кого се ќе опфати најавената „метла“ зависи од средбата што премиерот Зоран Заев треба да ја има со коалицискиот партнер Али Ахмети.

Добивај вести на вибер

Вчера од Владата посочија дека засега се уште не е утврден термин за средба на премиерот Заев со лидерот на ДУИ Ахмети во врска со најавената владина реконструкција.

-Во овој момент немаме прецизна информација за датум и време за средбата. Во однос, пак, на владината реконструкција тоа е одлука на ниво на коалициски партнери, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски, а за повеќе информации упати на политиките партии.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи истакна дека промените во Владата ќе следуваат по средбата на Заев и Ахмети, лидери на најголемите партии во владејачката коалиција.

– Во средата имаше нивна кратка средба на еден настан, но без простор да се отворат овие прашања. Очекуваме деновиве да се оствари тематска средба за потребите од зајакнување на капацитетите на Владата во поглед на фокусот на економските прашања дека ги затворивме политичките теми. И двајцата лидери на коалицијата имаат свој концепт како треба да се зајакнат тие капацитети и треба да седнат и да донесат конкретни одлуки, истакна Османи.

Тој смета дека најавените кадровски промени во извршната власт ќе значат подобрување на капацитетите во однос на зајакнување на политиките поврзани со економските прашања. Османи истакна дека по средбата Заев – Ахмети, и партиските тела ќе дебатираат по истите прашања.

Премиерот Заев завчера истакна дека неисполнување на одредени очекувања на граѓаните, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, непотизмот, укажувањата од Антикорупциска, ќе бидат критериумите врз основа на кои ќе се реализира најавената „метла“ на крајот на мај и почетокот на јуни.

Како што најави, во почетокот на јуни ќе излезе комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а крајот на јуни ќе почне и по вертикала во општините каде државата е претставена со одредни државни институции. Паралелно најави и промени во СДСМ.

Досега повеќе актуелни министри, меѓу кои и вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за внатрешни работи, за финансии, за транспорт и врски, за информатичко општество и администрација и за образование и наука, најавија дека ја подржуваат најавената владина реконструкција, како и тоа дека ќе ја почитуваат евентуалната одлука за нивна смена од ресорните министерства.

Премиерот и претседател на СДСМ Заев најави дека по завршувањето на претседателските избори ќе дојде редот на „метлата“ која ќе чисти во јавните претпријатија, министeрствата и Владата.

Тој посочи дека ќе има промени за да се отстранат слабостите во извршната власт и оти веднаш ќе почне со анализи во одредени консултации со првите соработници.

Веднаш по изборите стигна и првата оставка од министерот за култура Асаф Адеми која, како што рече премиерот Заев ја очекувал, бидејќи тој ја најавувал повеќе од шест месеци од здравствени проблеми.

ali ahmetivladaZaev

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 14:12

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:1823/03/2026 - 14:18

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

Горан Наумовски24/02/2026 - 08:36

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто