Се чека одговор од СДСМ за предлогот на Груевски

Од:

Денеска се очекува СДСМ да одговори на предлогот на премиерот Никола Груевски, кој вчера ги повика опозиционерите да изгласаат комисиски извештај каков што им одговара или да се распишат предвремени избори кои би се одржале на 13 октомври.

Претходно, лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев изјави дека партијата нема да прифати, како што рече, уште едни криминални избори.

Според информациите, поради можноста од продлабочување на политичката криза – не е исклучена и медијација на меѓународната заедница за надминување на несогласувањата.

Токму од разврската на сегашната политичка состојба во земјава, односно од епилогот на работата на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември зависи дали Македонија ќе се соочи со губење на препораката за преговори со Европската унија.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он