Се бркал со полицијата кај Демир Капија, побегнал и го оставил „Аудито“ во кое имало 10 Индијци

Од:

Мигранти биле пронајдени синоќа кај Демир Капија, возачот кој ги превезувал побегнал. Ова го потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Синоќа околу 23.20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ауди”, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината. Кај Прждевски надвозник удрило во службеното возило и запрело, а возачот избегал. Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија, појасни Додевски.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Неготино и јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено.

-По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаде Додевски.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари