Се бара затворски притвор за Мијалков бидејќи може да избега: Тој има дозвола за престој и имот во Прага

Од:

Обвинителката Ленче Ристоска побара ефективен притвор за осудениот Сашо Мијалков. Таа кажа дека тој може да избега и да има легален престој во Прага, каде има и имот. Според неа, куќниот притвор не е доволна мерка за обезбедување на присуство. До судот достави докази за тврдењата, тековни состојби од фирмите каде тој е управител. Ристоска побара мерка притвор и за Горан Грујевски и Никола Бошкоски осудени на 15 години откако ќе бидат екстрадирани во Македонија. Ефективен притвор се бараше и за Тони Јакимовски.

„Во конкретниот случај сметаме дека мерката куќен притвор за Мијалков не е доволна за обезбедување на негово присуство, затоа бараме ефективен притвор. Во текот на вчерашниот ден обезбедени се известувања од МВР, согласно кои МВР нема технички можности/опрема за 24 часовен видео и електронски нсдзор на почитување нс мерката притвор, што е еден од сегментите за куќен притвор. Од Обвинителството, потврдени се податоците дек Мијалков има регистрирана адреса и договор за престој во Прага и две возила на нргово име, а особено, предлагам да се цени фактот дека тој е човек кој поседува приватни бизниси исто како и неговите членови на семејството. Тоа значи дека тој може да живее во бегство сосема комотно“, рече Ристоска.

Осудениот Мијалков два дена беше недостапен за полицијата, која во неделата го бараше да му врачи решение за куќен притвор поради опасност од бегство издадено од Кривичниот суд. Мерката беше побарана од Обвинителството, откако обвинителката Вилма Русковска доби информации дека тој ќе се даде во бегство. По него беше распишана меѓународна потерница. Во вторникот, Мијалков сам се појави пред Обвинителството, објаснувајќи дека имал висока температура па се изолирал поради сомневање дека е заразен од коронавирус. Никој не објасни, каде се изолирал Мијалков. Обвинителката Русковска кажа дека не му верува на објаснувањето кое го даде и неговиот адвокат Петар Василев.

Адвокатот Шврговски смета дека Мијалков не може да добие затворски притвор, ниту Мијалков, ниту Тони Јакимовски. Според него, не се исполнети условите за одредување мерка притвор и предлогот да не биде прифатен.

„Тоа што државата не може да го обезбеди она што законот го бара, е е пропуст на Мијалков. Државата мора и треба да го обезбеди. Дали 24 часовен надзор со физичко обезбедување наместо видео надзор или алка, дали остава сомнеж дека Мијалков може да биде недостапен за правдата? Секако одговорот е дека не може. Од овие причини одбраната смета дека не е исполнет законскиот основ за определување на потешка мерка“, рече адвокатот Љупчо Шврговски.

Адвокатот Петар Василев рече дека предлогот за притвор на Горан Грујевски и Никола Бошкоски е неоснован, а и непотребен бидејќи не може да биде спроведен.

„Во текот на овие години, во овој процес и другите процеси, не дозволив да бидам недостапен ниту покажав дека можам да станам недостапен и да бидам во бегство. Додека другите се дадоа во бегство, јас останав да се бранам бидејќи сум убеден дека не сум виновен иако сум осуден. Имотот мој и на моите деца е во залог дека нема да побегнам. Било која поблага мерка е подобра отколку најстрогата мерка“, рече Тони Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Кристијан Ландов

Судскиот мониторинг покажува: Многу веројатно предметот за прислушкувањето и Мијалков да застари

Кристијан Ландов