Се бара притвор за директорката и раководителите во „Комуналец“ Гостивар

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар ќе побара определување мерка притвор за тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар. Станува збор за в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, раководителот на Одделението за водовод Вадедин Даути и техничкиот директор Леон Мезини.

Од Обвинителството на денешниот брифинг во Гостивар соопштија дека тројцата се осомничени за тешки дела против животната средина и природата, односно за загадување на вода за пиење. За ова кривично дело е предвидена казна затвор од најмалку четири години.

Надлежен јавен обвинител во предметот е Хазби Исени од Основното јавно обвинителство Гостивар. Оттаму посочија дека не се исклучува можноста истрагата да биде проширена и на други лица, во зависност од резултатите од дополнителните анализи и доказите што ќе бидат обезбедени.

Тројцата осомничени денеска беа изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар, кој треба да одлучи по барањето на Обвинителството за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски