Се бара притвор за 55-годишен скопјанец поради силување

Од:

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, скопјанец на 55 годишна возраст, поради основано сомнение дека извршил силување.

– Осомничениот на 28 септември 2020 година, околу 15.00 часот, го управувал своето возило и ја пресретнал оштетената која враќајќи се од работа, се движела по улицата. Тој застанал и присилно ја внел во возилото, па ја однел во стан од неговата почината мајка. Осомничениот започнал физички и психички да ја малтретира жртвата. По упатување на закани кон неа и закани за нејзината ќерка, осомничениот со употреба на сила го извршил кривичното дело, информираат од скопското обвинителство.

Од обвинителството појаснуват дека осомничениот при тоа, во континуитет ја удирал жртвата со боксови и клоци  од кои оштетената се здобила со телесни повреди.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Четворица од неготинско силувале 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ