Се асфалтираат улици во Волково

Од:

Општина Ѓорче Петров започна со асфалтирањето на улиците „67“ и „69“ во Волково, во вкупна должина од 410 метри и широчина од 3,5 метри. Градежните работи ги извршува ГП „Гранит“.

Како што информира општина Ѓорче Петров, во Волково досега се асфалтирани или санирани над 30 улици.

– Ако дозволат временските услови ќе се санираат уште неколку улици кои се влезени во планот за санација на улици на територијата на општина Ѓорче Петров, донесен од Советот на општината пред една година, се вели во соопштението од Ѓорче Петров.

Средствата за асфалтирање улици во Волково се обезбедени од буџетот на општината.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош