Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР во координација со јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје, извести полицијата.
Од МВР повеќе детали за акцијата најавуваат за во текот на денот.
Неофицијално, меѓу осомничените е и поранешниот директор на затворот „Скопје“, Филип Андонов Сокол и сега веќе пензиониран затворски заповедник.