СДСМ:Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдија дека не сакаат слободни медиуми

Од:

СДСМ преку соопштение реагира за неизборот на 5-от член на ад-хок телото.

Еве што стои во соопштението:

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдија дека не сакаат ослободување на медиумите од притисоците на власта. Во соопштение повикуваат ад хок телото да се ослободело од притисоци, а тоа е формирано токму за да се спречат контролата, притисоците и корумпирањето на медиумите од Груевски и власта.

ВМРО-ДПМНЕ ја препишала од соопштението на СДСМ поддршката до членовите на ад хок телото да се избере петтиот член, но не успеале да смогнат сили да ги препишат и критериумите тој да биде експерт од медиумската сфера, признат и почитуван во новинарската професија како гаранција дека независно и слободоумно ќе постапува. Јасно е зошто на ВМРО-ДПМНЕ не му одговара таков член и очигледно е дека Груевски сака ад хок телото да го претвори во партиска марионета каква што е Агенцијата за медиуми.

За жал на Груевски, ова нема да успее. До крајот на оваа година ќе има фер и демократски избори по кои ќе почнат промените во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не може да го спречи тоа.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он