СДСМ:Џафери ја покрива Бришковска или и се плаши?

Од:

СДСМ преку соопштение го прашува министерот за правда Валдет Џафери зошто втор ден молчи и дали Министерството за правда издало правно мислење за правната важност на еврообврзницата од 450 милиони евра? Еве што стои во соопштението:

На конференциската врска одржана во понеделникот со кредиторите присуствувала заменик министерката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Бришковска.

Дали Бришковска имала овластување од нејзиниот претпоставен, министерот за правда Џафери, да присуствува на состанокот како претставничка на Министерството за правда Џафери или таа на состанокот неовластено и лажно се претставила.

Согласно Законот за јавен долг министерот за правда е должен да издаде правно мислење.

Министерот за финансии тврди дека такво мислење е издадено, но министерот за правда молчи.

Тоа значи најмалку две работи. Или дека Џафери потпишал и ја крие заменичката Бришковска, со што и ДУИ е соучесник во финансиското злосторство. Или на министерот за правда му е наложено да го крие неовластеното присуство на заменичката од ВМРО-ДПМНЕ. Од кого и за каква против услуга е друго прашање.

Одбројани се деновите на криминално – корупциската власт на Никола Груевски, којашто ќе биде казнета од граѓаните на следните регуларни избори.

Сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница ќе одговараат.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски