СДСМ: Зошто ВМРО-ДПМНЕ сака да забрани снимање на Плаошник?

Од:

Многу едноставно, ВМРО-ДПМНЕ сака да го скрие од јавноста злосторството што го направи врз културното наследство на Плаошник.

ВМРО-ДПМНЕ сака да ја скрие препораката на УНЕСКО цел еден комплекс да се дислоцира надвор од Плаошник и од заштитеното градско јадро на Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ сака да скрие дека го уништи визуелниот квалитет на локалитетот Плаошник, иако УНЕСКО ги предупреди да не го прават тоа.

Но, и Охриѓани, и сите граѓани на Македонија со свои очи видоа дека ВМРО-ДПМНЕ го упропасти едно од најубавите места во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ сака да го скрие сечењето на боровата шума, како и препораката на УНЕСКО да бидат засадени нови садници дрвја, да се уреди околината, а сечењето на постоечките дрвја да престане.

Затоа, залудно бесрамно лажете, кога цела јавност гледа што направивте на Плаошник.

Залудно лажете дека на Плаошник не е ништо забетонирано, кога бетонските чудовишта бодат во очите.

Доста веќе ги правдате своите криминални дела со спомнување на Свети Климент Охридски. Цела Македонија знае дека токму Паско Кузман и Никола Груевски го негираа словенскиот карактер на македонската култура, а со тоа и делото на Свети Климент Охридски.

Охриѓани нема да ви простат за криминалите на Плаошник, како што нема да ви простат за тоа што им го донесовте криминалецот Субрата Рој.

Наместо бетон за Плаошник, ветуваме дека уништувачите на културното наследство ќе одговараат, а граѓаните и туристите ќе бидат сведоци на вистинска грижа и заштита на културното богатство на Македонија. Ќе ја ослободиме Македонија од бетон и стиропор, а Охрид ќе го промовираме како светски центар на словенската писменост“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски