СДСМ: Зошто власта не предвидела редовен државен мониторинг за бактеријата листерија

Од:

Од СДСМ реагираат на начинот на којшто се однесуваат државните институции во врска со бактеријата за којашто се известува дека одземала 4 човечки животи досега.

Од партијата прашуваат:

-Зошто не е реагирано веднаш од страна на надлежните институции, по првиот констатиран смртен случај од бактеријата листерија, туку се чекало речиси месец за информацијата да биде пласирана во јавност?

-Кои се тие домашни месни индустрии во чиишто производи е можно да е присутна оваа бактерија, за што објавија провладини медиуми, повикувајки се на извори од власта?

-Ако мострите од производи, како што изјавија вчера од Агенцијата за храна и ветеринарство, биле земени дури вчера, а првите резултати ќе бидат дури в петок, тогаш, од каде знаат властите дека бактеријата е од домашни месни индустрии?

Никој од власта не ја негираше оваа информација.

-Ако пак се работело на случајот изминатиот период, зошто тоа се криело од јавноста?

-Ако граѓаните треба во овој период посебно да внимаваат при консумирањето месо, млеко, млечни производи, јајца, салати, овошје, вода – зошто Министерството за здравство излезе со препораките дури денеска, преку соопштение?

-Ако бактеријата листерија има смртоносни последици по населението, зошто власта не предвидела редовен државен мониторинг во индустриите коишто можат да бидат извор, како што се тврди?

Чудно и несериозно е што ниедна од надлежните институции не излезе јавно да објасни што навистина се случува.

Во меѓувреме граѓаните се во паника од половичните информации, а фирмите се изложени на големи трошоци за бараните анализи.

СДСМ бара сериозност, одговорност и објаснување на овие прашања, со цел елиминирање на сите шпекулации и сомнежи кај јавноста.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Колку чини чантата на сопругата на Орце Ѓорѓиевски: СДСМ вели 30 илјади долари, таа одговори дека е 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!