СДСМ: Зошто на ВМРО-ДПМНЕ им пречат наставниците и наставничките?

Од:

„Јавноста вчера сведочеше на деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ. Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средносто образование на вчерашната седница на Комисијата за образование наука и спорт се претворија во обиди за физичко насилство и хаос“, соопшти СДСМ.

„Срамно и безобразно е однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не дозволуваат да почне расправата за овие измени.

ВМРО-ДПМНЕ цела година блокира измени со кои над 27.000 наставници и стручни соработници ќе добиваат повисоки плати, а околу 4700 од нив ќе добијат трајно вработување.

ВМРО-ДПМНЕ повторно си го покажа лицемерието, насилничката матрица и деструктивното дејствување, покажа дека воопшто не се грижи за наставниците.

Зошто на ВМРО-ДПМНЕ им пречат наставниците во основното и среднодното образование, па не бира средства да го спречи покачувањето на платите?

На ВМРО-ДПМНЕ никогаш не им биле важни ниту граѓаните ниту образованието, важни им се само личните и партиски интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот