СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Од:

Проектот ЗНАМ, оваа сателит партија на ВМРО се дели и веќе е целосно маргинализирана. Нивната улога беше за раситнување на СДСМ а сега служат само за да гласаат Закони по налог на ВМРО и да ѝ дадат легитимитет на кражбата и корупцијата преку криминални тендери. Бидејќи ЗНАМ веќе се раситнува, ВМРО подготвува ново „движење“ кое треба да прерасне во уште една нивна сателит-партија во Македонија за да се збунат гласачите и да се ситни опозицијата. Copy-paste сценарио преземено од Вучиќ за раситнување на опозицијата и создавање контролирани политички структури, односно контролирана опозиција, велат од СДСМ.

„Станува збор за т.н. Српска демократска лига, која ќе биде директна копија на Српската лига – партија со изразен проруски наратив и отворена поддршка на Русија. Во оваа конструкција, од ЗНАМ се издвојува Саша Богдановиќ како можен претседател, поради неговите директни врски со СНС, со задача да ја преземе улогата која досега ја имаа ЗНАМ и Стоилковиќ, познат по средбите со „Ноќните волци“ на Путин.

Паралелно, за уште едно движење се водат разговори и со други поединци-квислинзи од редовите на СДСМ, уценети или купени, со директна финансиска поддршка од ВМРО. Целта е едноставна и јасна: раздробување на гласовите и слабеење на единствената вистинска опозиција – СДСМ. Единствената партија што не е контролирана, за разлика од оние кои редовно одат на состаноци со власта, даваат легитимитет на тендерската коалиција и во Собранието гласаат за законите на ВМРО, кои утре ќе се користат за притисок и следење на опозицијата. Сега веќе е кристално јасно зошто се постојаните напади врз СДСМ, зошто се обидите за рушење на партијата и зошто црните кампањи не престануваат, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ