СДСМ: Злоупотребувањето на немилите настани е вообичаена пракса на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ниту бираат средства ниту начин на кој пробуваат да соберат некој ситен политички поен испаничени поради силниот пораз на локалните избори. Овојпат безидејната ВМРО-ДПМНЕ го искористи скандалот со сексуално образование и покажа дека нема основно чувство на почит и разбирање кон загрозените родители и ученици кои се наоѓааат во тешки моменти“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Градоначалникот Шилегов и Град Скопје обезбедуваат финансиска поддршка на многу манифестации и проекти од различни области, но на никој начин не се вклучени во организација на тие проекти. По вчерашната објава по итна постапка е прекинато финансирањето на споменатиот извиднички одред и со тоа падна во вода уште едно во низата лажни обвиненија насочени кон градоначалникот Шилегов.

Иституциите на правдата ќе направат истрага, денес законот важи за сите, но срамот и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат како сенка која се обидува да ја затемни светлата визија, правда, борба за поубаво Скопје на градоначалникот Шилегов.

ВМРО-ДПМНЕ до ден денеска не сфаќа дека кај граѓаните повеќе не поминуваат нивните финти за дневни политички поени.

Граѓаните денес сакаат резултати, сакаат да го видат најдоброто кое е возможно само со најдобрите, со СДСМ“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба

Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно

Ливриниќ: Жителите на Скопје Север со право се разочарани, со години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и човечност се два различни поими

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски