СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Злоупотребите со милионите евра од европската програма Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Владата на Мицкоски назначи за в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми лице под активна истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами.

Тоа е скандал без преседан што целосно ја урива довербата во институциите.

И наместо да побара одговорност ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја заташка вистината.

Не се само 2.2 милиони евра во прашање.

Од 2014 до 2017 година, кога Ана Михајлов (тогаш Митровска) била одговорно лице за евалуаторите во Агенцијата, заедно со својата кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле доделени над 8 милиони евра европски пари.

Истрага треба да утврди дали овие 8 милиони евра биле законски распределени или се дел од проневера?

Каква е улогата на Бошко Нелкоски – првиот директор на агенцијата и ментор на новата в.д. директорка? Дали токму Нелкоски е посочен во извештајот на ОЛАФ како иницијатор на организирана проневера и незаконско доделување на средства?

Каква е поврзаноста со фирмите „Силвер Лион Сервисес“ и „Агронимија Органика“? Дали тие се дел од истата мрежа на сомнителни тендери и злоупотреби идентификувани од ОЛАФ?

Клучното прашање е: во чии џебови завршија 8 милиони евра европски пари?

Тоа е партиската шема на ВМРО-ДПМНЕ.

За овој скандал мора да има итна и целосна кривична истрага за сите инволвирани, наведуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ