А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Земјоделците конечно имаат придобивки , а не зијан како во времето на ВМРО-ДПМНЕ

by А1он17/08/2019 - 17:11277
Share0

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше земјоделството во земјава, а земјоделците беа мета на притисоци, закани, уцени заради остварување на личните бизнис интереси на раководството на тогашната власт.

Добивај вести на вибер

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ неможе да се помири со фактот дека аграрните реформи кои ги спроведува Владата предводена од СДСМ се реални и земјоделците конечно имаат придобивки од својот труд , а не зијан како во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ може само да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството. Официјалните податоци ја докажуваат успешноста на земјоделските политики на СДСМ.“, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес, субвенциите се исплаќаат редовно, неселективно и навремено тогаш кога им се најпотребни на земјоделците.

Бележиме пораст на откупните цени на голем број земјоделски производи.

Имаме раст на цената кај лубеницата од 89,1 отсто, а споредено со 2015 година, за 116 отсто.

Откупната цена на белото грозје во 2016 година била 30 денари за килограм, а оваа година 50 денари, значи раст од 67 отсто.

Кај сливите, откупната цена е зголемена за 18,8 отсто или за 23 отсто споредено со јули 2016 година.

Раст на откупните цени се забележува и кај зеленчукиот и тоа кај краставицата бележи пораст за 145,8 отсто, а споредено со 2013 година за 240 отсто.

За 85,5 отсто е зголемена откупната цена на доматот или за 143 отсто споредено со јули 2015 година,а за 31 отсто расте откупната цена на пиперката и оризот за 8,7 отсто.

Оваа година пченицата се откупува за 10,4 денари, за разлика од 2016 година кога била 8,48 денари за килограм, што е пораст од 23 отсто.

Денес, немаме интервентни мерки како што имаше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што денес се следи реалната состојбата во земјоделството.

Владата предводена од СДСМ посветува големо внимание на земјоделството бидејќи тоа е еден од носечките столбови на македонската економија, затоа се става посебен акцент на развојните мерки и проекти, но и нови инвестиции кои ќе придонесат кон забрзан раст на оваа стратешка економска гранка.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен