СДСМ: Здравјето на граѓаните е најважно, неопходни се порадикални мерки

Од:

„Здравјето на граѓаните и нивната заштита од корона вирусот е најважно, неопходни се порадикални мерки затоа Владата донесе одлука од денеска да се забрани движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден.

Нема компромис кога здравјето на граѓаните e во прашање, затоа мораме сите да ги почитуваме мерките на Владата, само така ќе ги спасиме народот и државата.

Тоа е неопходно за да се спречи натамошно ширење на вирусот“, велат од СДСМ.

„Од оваа забрана ќе бидат исклучени лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош / животно загрозувачка состојба/лица на дијализа, исклучиво во придружба на најмногу две лица.

Забраната нема да важи и за припадниците на Министерство за внатрешни работи, Армија на Република Северна Македонија, противпожарните екипи, лицата вработени во комунална хигиена, кои се во моментот на работа во смена.

Ќе се ограничи и бројот на дежурните аптеки, институциите и стопанството треба да го прилагодат своето работно време и производството согласно забраната за движење во предвидениот период, се ограничува присуството на граѓани во трговски објекти, аптеки и јавни установи.

Битката против коронавирусот е заедничка, сите ние треба да бидеме дел од оваа наша заедничка битка. Ако сакаме да си ја заштитиме нацијата сите мораме да се однесуваме вонредно и најодговорно.

Само ако сите ги почитуваме мерките што ги воведуваме, значително ќе го намалиме ризикот и побрзо ќе го вратиме нашето безбедното секојдневие“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он