СДСМ: Заврши времето на набавки за исполнување на желбите на Груевски и Трајановски

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто е синоним за наместени тендери, расипништво и криминал, продолжува да шири лажни вести коишто се единствена статегија на опозициската партија.

Лажни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни неправилности во набавката на авотбуси од страна на Град Скопје. Според јавно достапните информации, Град Скопје доби два тест автобуси на ЦНГ гас од два различни производители кои што веднаш беа вклучени во јавниот превоз, а наскоро се очекуваат и нови проекти со останати производители на еколошки и електрични автобуси. Овие автобуси ќе бидат отстапени на Градот бесплатно, а првичните пресметки покажуваат дека трошоците за гориво се намалени за речиси половина. Преку собраните податоци во овој период ќе се донесат одлуки засновани на релевантни информации за тоа какви автобуси треба да се набават.

Заврши времето кога набавките се договараа во четири очи, кога единствен критериум за набавка на автобуси беше исполнувањето на личните желби и замисли на Никола Груевски и Коце Трајановски. Новата градска администрација предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов работи одговорно, домаќински и отчетно, а одлуките што се носат се единствено во интерес на граѓаните на Град Скопје“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација