СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР

Од:

Европската банка за обнова и развој, ги повлече 100те милиони евра заем наменети за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза велат од СДСМ.

– Повлекувањето доаѓа откако со месеци ВМРО-ДПМНЕ го блокираше законското решение грубо лажејќи дека со него ќе се затвореле енергетските капацитети РЕК Битола и РЕК Осломеј. Заради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата, граѓаните останаа без 100 милиони евра помош во време на криза. Не е првпат државата финансиски да биде оштетена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, слично беше и со заемот од Светска банка за време на кризата со коронавирусот, кога тогашаната заменик министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска не го потпишуваше заемот. Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ не само што не помага, туку во време на криза и одмага на државата се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски