СДСМ: Замрзнат имот како нов доказ за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да си поднесе оставка

Од:

Мицкоски со денови молчи откако неговиот шеф и ментор Никола Груевски се најде на црната листа на САД за сторените очигледни и судски потврдени криминали.На црната листа е и компанијата на Груевски за која допрва треба да се истражува дали служела за незаконски активности велат од СДСМ.

– Во меѓувреме, од страна на надлежните институции запленет е имот како нов доказ за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. По сите овие признанија, по сите судски пресуди, како онаа од Титаник, по објавата на црната листа, по замрзнатиот имот во случајот Империја, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка. Христијан Мицкоски во времето на режимот кога се правеле криминални дејствија му бил десна рака и советник на Груевски. Целата јавност ги слушна признанијата на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ како се правеле криминални дела. Денес голем дел од некогашните соработници на Груевски се соработници на Мицкоски и дел од раководството и пратеничката група. Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија раководена од Будимпешта, партија која не излегува од режимската матрица се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

(ВИДЕО) Мицкоски: Сите реформи од Реформската агенда ќе бидат завршени до декември

Мицкоски: Растот на индустрискиот промет и извозот се охрабрувачки сигнали

Горан Наумовски