СДСМ: Заложништвото на Мицкоски кон Апасиев создаде феномен на политичката сцена

Од:

Заложништвото на Христијан Мицкоски кон Димиар Апасиев создава феномен на политичката сцена. Секогаш кога Мицкоски нешто ќе најави се случува сосема спротивното велат од СДСМ.

– Мицкоски велеше дека енергетскиот систем на државата ќе колабира, дека ќе следуваат рестрикции на електрична енергија, а во реалноста домашното производство на електрична енергија бележи рекорди и не само што нема рестрикции, туку среде зима има извоз на електрична енергија. Лажеше Мицкоски и дека цената на електричната енергија драстично ќе поскапи, а се случи сосема спротивното, цената за 72.000 компании е намалена за околу 20 отсто, а домаќинствата немаат зголемени сметки за струја. На празниците Божиќ и Водици, Мицкоски ја уверуваше јавноста дека кон крајот на февруари Собранието ќе се распушти и ќе следуваат предвремени парламентарни избори во месец мај. Денес, на два дена пред крајот на февруари, не само што нема распуштање на Собранието, туку има зголемено парламенарно мнозинство. Сето ова покажува дека Мицкоски под заложништво на Апасиев е очаен а целото негово дејствување го темели на погрешни ветувања и проценки. Затоа со години е во опозиција и уште долго таму и ќе остане се наведува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нуди поволни услови и квалификувана работна сила

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии

А1он