СДСМ: Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ предводено од антизападниот Христијан Мицкоски продолжува со деструкциите преку кои работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против концептот едно општество за сите, концепт што граѓаните силно го поддржаа на последните неколку избори.

Криминалната ВМРО ДПМНЕ позната по 11 годишното криминално владеење и беззаконие, денес, повторно повикува на непочитување на законите во државата.

Шефот на Мицкоски од Будимпешта се уште дава насоки, а Мицкоски ревносно ги следи и дејствува на штета на државата и граѓаните.

Иако по секоја цена се обидуваа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успееја да го блокираат членството во ЕУ и НАТО. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат да го блокираат напредокот и градењето на еднакво општество на еднакви граѓани.

Волјата на граѓаните, правата на граѓаните и законите мора да бидат почитувани од секого.

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и е сериозен придонес во градењето на концептот едно општество за сите граѓани.

СДСМ се определи за политики што ставаат крај на поделбите и ја градат Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници.

Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. Непречената комуникација на граѓаните е цивилизациска придобивка, а Законот целосно ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски