СДСМ: Законите важат за сите подеднакво, денеска тоа го потврди и Транспаренси, ВМРО-ДПМНЕ не може да се воздржи од изнесување невистини

Од:

Од СДСМ преку соопштение реагираат на денешната прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Законите важат за сите подеднакво, без разлика за кое име и презиме станува збор, а тоа е потврдено и со случајот којшто го споменува ВМРО-ДПМНЕ.

Фактите се дека има судска пресуда за овој случај, потврдена и од Апелацискиот суд. Споменатите лица се осудени на затворска казна и ја имаат издржано казната.

Од ВМРО-ДПМНЕ очигледно не можат да се воздржат од пласирање на невистини и конструкции.

Денешниот Извештај на Транспаренси интернешнл потврдува дека законите важат за сите.

Една од главните причини за напредокот од 24 места е тоа што земјата има преземено конкретни чекори за кривично гонење на високи функционери од власта“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он