СДСМ: Законите се јасни, градоначалникот Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ незаконски работел

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Бобан Стефковски треба да објаснат како в.д. директор на јавно комунално претпријатие Гази Баба го назначиле незаконски да ги спроведува партиските наредби. Законите се јасни и тие се прекршени со постапките на градоначлникот Бобан Стефковски ид ВМРО-ДПМНЕ“, реагира СДСМ на изнесените невистини од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Бобан Стефковски.

„Лицето Добри Петров бил незаконски назначен за ревизор од страна на градоначалникот Бобан Стефковски, затоа што не ги исполнувал условите.

Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, став 2, одредува дека за ревизор може да биде избрано лице кое положило испит за овластен внатрешен ревизор или да поседува меѓународен ревизорски сертификат. Ниту еден од овие услови Добри Петров не ги исполнувал.

Затоа Добри Петров не е на листата на овластени ревизори која е јавно достапна. (https://www.iorrm.org.mk/doc/%D0%98%D0%9E%D0%A0%D0%A0%D0%9C%20-%20%D0%A0%D0%95%D0%93%D0%98%D0%A1%D0%A2%D0%90%D0%A0%20%D0%9D%D0%90%20%D0%A0%D0%95%D0%92%D0%98%D0%97%D0%9E%D0%A0%D0%98%20-%2018.02.2022.pdf)

Се потврдува она што го говори СДСМ, дека со незаконски извештај незаконски е променета директорка на јавна установа.

За само 100 дена ВМРО-ДПМНЕ го покажа вистинското лице.

Во општините владеат како шерифи, без почитување на закони и прописи со единствена цел, да разрешуваат и да именуваат нивни партиски војници и извршители.

Очекуваме од сите надлежни институции по допрен глас да покренат соодветни законски процедури за овој скандал“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он