Градоначалникот на Гази Баба ги демантира СДСМ: Наводите се невистинити со цел замајување на јавноста

Од:

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски целосно ги демантира наводите истакнати во денешната прес конференција на политичката партија СДСМ како „невистинити и со цел замајување на јавноста и граѓаните“.

„Лицето Добри Петров беше вработено лице во општина Гази Баба на работна позиција Советник во одделението за внатрешна ревизија на јавните установи од 2013 година.

За внатрешни ревизори можат да бидат назначени лица кои покрај општите услови утврдени со закон ги исполнуваат и посебните услови од членот 36 став 3 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола кои лицето Добри Петров во целост ги исполнува. СДСМ немаат познавање ниту на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, ниту на Правилникот за начинот на извршување на внатрешната ревизија и начинот на известување за ревизијата“, се вели во демантот на градоначалник општина Гази Баба на прес конференцијата на Богданка Кузеска.

„Ја упатуваме Богданка Кузеска од СДСМ да се информира од нивниот претходен градоначалник на општина Гази Баба Борис Георгиевски за тоа како за време на целиот негов мандат примал ревизорски извештаи на кој е потпишано лицето Добри Петров како овластено лице кое вршело ревизија во име на општина Гази Баба на јавните установи.

Во прилог на демантот доставуваме потпишани ревизорски извештаи од спроведена ревизија во периодот на мандатот на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ.

Времето на СДСМ во општина Гази Баба заврши. Општина Гази Баба се гради и менува. Следуваат години на напредок и развој, години на реализација на голем број на проекти со кои ќе се подобри животот на граѓаните на општина Гази Баба“, се додава во демантот на градоначалникот на Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар