СДСМ: Заклучоците на Советот на министри на ЕУ се јасно признание за достигнувањата

Од:

„Заклучоците на Советот на министри на ЕУ се јасно и недвосмислено признание за постигнатиот успех во изминатата година.

Резултатите на домашен план, преземените храбри чекори, напредокот во реформите се признаени и вреднувани.

Одредена е точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа нема да биде подоцна од октомври оваа година.

Од особена важност е што оваа одлука ќе биде донесена годинава, што е практично и потврдено со заклучоците на Советот.

Најпозитивниот извештај, безусловната препорака за почеток на преговорите и заклучокот од Советот значат целосен успех кој се заокружива во октомври, со конечна одлука за почеток на преговорите до крајот на годината.

Владата предводена од СДСМ, министерствата и сите институции продолжуваат со интензивни подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време