СДСМ: Заедно со граѓаните градиме европска иднина, ВМРО-ДПМНЕ дејствува на штета на државните и националните интереси

Од:

„Додека владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев прават дипломатска офанзива за деблокирање на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на државните и националните интереси.

СДСМ заедно со граѓаните гради европска иднина и општество на еднакви шанси за сите.

Со лажни вести, шпекулации и конструкции ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски се става на спротивната страна од евроинтеграциите на државата“, вели СДСМ.

„Очигледно е дека Мицкоски стравува од можен успех на државата па затоа по секоја цена се обидува да ги поткопа меѓународните позиции.

Ништо ново од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога државата прави чекор напред тие ги интензивираат лажните вести и деструкциите, класично антидржавно и антинародно дејствување.

Тоа граѓаните го препознаваат затоа Мицкоски е шест пати поразуван затоа одново ќе биде поразен.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште долго ќе останат во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски