СДСМ: Зад утрешните протести стои Груевски, Мицкоски е само негов извршител

Од:

Објавите на социјалните медиуми на осудениот бегалец во Будимпешта, Никола Груевски покажуваат дека зад утрешните протести за одбрана на насилството, зад обидите за државен удар, зад одбрана на обидите за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието, стои токму тој се вели во соопштението од СДСМ.

-Утрешните протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на осудени лица за тероризам покажуваат дека Христијан Мицкоски е само потрчко, извршител на желбите на Груевски. Откако му пропаднаа сите обиди да го одбрани криминалот, на Мицкоски не му преостана ништо друго освен да ги извршува нарачките од неговиот ментор во бегство во Будимпешта. И покрај шесте порази на избори, Мицкоски не ја научи лекцијата, не сфати дека народот не сака политичари кои се на браникот на криминалот, дека народот не дава доверба на политичари кои работат на штета на граѓаните и државата, порачуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат