СДСМ: За рангирањето на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај татиниот асистент Мицкоски

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за образование, откако 11 години истото систематски го уништуваше. За рангирањето на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и други универзитети на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај нивниот претседател Христијан Мицкоски“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски е професор на Машинскиот факултет при УКИМ, на тој ист факултет магистрирал и докторирал, а на истиот тој факултет професор бил и неговиот татко.

Мицкоски своевремено бил асистент кај сопствениот татко, што е врв на непотизам.

Ете така Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги замислуваат реформите во високото образование, градење кариера преку непотизам, роднински и пријателски врски.

Христијан Мицкоски е симбол на непотизам, а неговата ВМРО-ДПМНЕ симбол на деструктивност и дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено