СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Од:

Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар. Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени. Што славеа? Труењето? 22 дена вода со фекалии? Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата? Мицкоски нема ниту трошка морал. Без срам. Мицкоски рече дека Гостивар нема да биде заборавен, велат од СДСМ.

– А сите заминаа на одмор – во средина на труењето и епидемијата. Но „научно-образовната“ екскурзија не можеше да чека. Тоа е односот на оваа власт кон граѓаните. Слават таму каде што луѓето лежеа по болници. Се сликаат таму каде што кријат анализи. Ветија дека нема да заборават – па заборавија штом се отвори патниот аранжман. Гостивар нема да биде заборавен пред избори – тоа го вели Мицкоски. Гостивар не заборава. Граѓаните не забораваат, нагласуват од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус