СДСМ: За првпат во историјата, 30 партии застанаа зад еден кандидат

Од:

„За првпат во историјата, 30 политички партии, од сите етнички заедници се обединија околу заеднички кандидат за претседател на државата.

Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати, застанаа зад Стево Пендаровски, натпартиски, европски, граѓански – пријател и претседател на сите и за сите граѓани на Република Северна Македонија.

На Република Северна Македонија и е потребен вистински Претседател, партнер и пријател на граѓаните и на иднината.

Претседател со високо чувство на одговорност, државност и посветеност, кој ќе нуди решенија во интерес на сите граѓани и ќе работи на интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Тоа е Стево Пендаровски, личност што е решена и подготвена да ја води државата напред кон светла иднина, а не да ја враќа назад во темното минато.

Победата на Пендаровски на претстојните избори ќе биде уште една победа на нашиот заеднички пат кон напредокот, и развојот, пат на целосна интеграција во НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски