СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

Од:

Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ: тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода. Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“. Томовски велеше „бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата“. Фатени живи овие од ЗНАМ уште малку ќе кажат дека не го знаеле нивниот Советник и носител на листа во Кисела Вода; велат од СДСМ.

„Нема бегање. Фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени. Дали е ова прва рата од исплатата за предавството на Македонија? За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија? Не проаѓаат измислени оправдувања, потребна е одговорност. СДСМ ги повикува ДКСК, Јавното обвинителство и Финансиската полиција да отворат истрага за најновиот скандал што го откри АКТ. Како тоа фирма што не исполнувала услови добила тендер од 1.2 милиони евра од Пошта? Како тоа се менува сопственик само 20 денови по добивање на милионскиот тендер? Одговорност мора да има“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ