СДСМ: За дебакалот и поразот на неговиот лажен патриотизам Мицкоски вината да си ја побара кај себе

Од:

Ниту едно бледо соопштение од скапцениот дворец нема да го покрие дебаклот на лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски на самитот на ЕПП во Загреб, реагираа од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да се крие зад партиски соопштенија Мицкоски нека излезе и нека каже кого лажеше, домашната јавност дека Договорот со Бугарија е капитулантски или бугарскиот премиер Борисов на кого му порача дека го поддржува Договорот?

Дотогаш остануваат најмалку 5 факти од Самитот на ЕПП во Загреб:

1) Додека дома Мицксоки вели дека не го признава уставното име на државата,нема проблем неговата ВМРО-ДПМНЕ во Европската народна партија да биде претставничка од Република Северна Македонија

2) Во Резолуција од загрепскиот самит на ЕПП, се констатира дека ЕУ со неносењето одлука за почеток на преговорите, направила историска, геостратешка грешка – што е уште еден врел шамар за Мицкоски.

3) Мицкоски го прифати Договорот со соседна Бугарија на средба со премиерот Борисов „без дилеми“.

4). Синoним за лажна вест и лажен патриот е самиот Христијан Мицкоски, чиракот на Никола Груевски од Будимпешта.

5) За дебакалот и поразот на неговиот лажен патриотизам Мицкоски вината да си ја побара кај себе.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра