СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Од:

За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата, Мицкоски прво мора да се уапси самиот себе и своите најблиски. Мицкоски ги стави во свои канџи речиси сите институции, судството, обвинителството, и не само што му се под контрола туку им дели и задачи од собраниската говорница, велат од СДСМ.

– За да ја докаже својата „желба“ за борба против криминалот и корупцијата, самиот нека се упаси! Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на главниот. Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност за криминалните тендери: 161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма преку општините, 9 милиони евра за двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта…

Мицкоски нека го повика Груевски да се врати во Македонија, да одговара и да ги врати двете милијарди евра што ги украде. Зошто не инсистира неговиот личен пријател Орбан да го депортира оној што украде најмногу од граѓаните на Македонија – неговиот учител? Зошто нема одговори од каде поминала дрогата од 5 тони преку границата, за скапите часовници, за фотографиите со киминалецот Симо? Дали вака изгледа „борба“ против корупцијата и криминалот? Не, ова е слика на криминалот и корупцијата во власта. Македонија го има својот Мадуро, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски