СДСМ: За 8 години власт во Прилеп не направивте ниту една акумулација

Од:

„Почитувана Ана Лашкоска, Вие како познат експерт за амнестирање на хашки случаи, гледаме дека денес сте станале исто така експерт за геолошко – геомеханички истражувања. Она што не зачудува е зошто Вие госпоѓице Лашкоска ваквите познавања не му ги ставивте на располагање на Марјан Ристески, и зошто после 8 години власт во Прилеп не направивте ниту една акумулација, а потрошивте над 120 милиони Евра во два мандати. Вие господо немате УСУЛ!“, велат во писмена реакција од СДСМ Прилеп.

Проектите кои Хари Локвенец ги презентира, велат, се реални и остварливи. Гасификацијата која ќе ја спроведеме по примерот на Струмица и Куманово, ќе зајакне индустријата во градот. Трошоците за енергенси ќе се намалат за 40%, што ќе создаде услови за отворање нови работни места.

Заедно со проектот „Чиста петка“ , овие два проекти ќе обезбедат најмалку 5,000 нови работни места за прилепчани. Прилечани заслужуваат подобра иднина и нова надеж. Затоа ќе гласаат за Хари Локвенец.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он