СДСМ: За 2 години намален е процентот на починати предвремено родени бебиња за нешто повеќе од 50%

Од:

„Системските мерки во здравството и спроведените политики даваат резултат. Во таа насока е и намалувањето на смртноста на предвремено родените бебиња, која според статистичките податоци бележи пад во последните 2 години за над 50%.

Овие трендови се резултат на вложувањата од страна на Владата предводена од СДСМ во опрема и проширување на стручните тимови на одделението за интензивна нега на Гинеколошки-акушерската клиника.

За таа цел беа набавени нови 15 инкубатори за бебињата, монитори со аспиратори за одделението на интензивна нега, а во рок од една година за Клиниката за гинекологија и акушерство беа одобрени вработувања на 30 медицински сестри и акушерки, педијатри, анестезиолози и патолог.

Покрај инвестицијата од страна на Владата во опрема, во соработка со експертите од Клиниката за гинекологија и акушерство, и странски експерти од Светската здравствена организација, но и од УНФПА се спроведоа обуки на медицинскиот персонал.

Се потврдува заложбата кој ја прави СДСМ и Владата која ја предводи, дека здравјето на нашите граѓани и на нашите деца е врвен приоритет и дека за да се постигне тоа мора да се создадат најдобри услови за подобрување на работната средина и за лекарите и медицинскиот персонал“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он