А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: За 10 месеци Министерството за труд и социјална политика направи повеќе отколку последните 11 години

by А1он13/04/2018 - 15:53150
Share0

„Скандали, неработа, неодговорност и негрижа ги одбележаа 11 години криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши.

Добивај вести на вибер

Владата предводена од СДСМ, Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска наследните проблеми ги решава трајно, преку низа темелни реформи, во интерес на граѓаните.
За само 10 месеци решен е проблемот на стечајците, преку законски измени е исправена децениска неправда кон овие наши сограѓани. Досега, 4.535 стечајци добија позитивни решенија.

Зголемена е минималната плата на 12 илјади денари. Околу 90 илјади граѓани земаат повисока плата и за прв пат повисока плата земаат и работниците од текстилната и кожарската индустрија. Тоа ја отвори спиралата на раст на платите што резултираше со зголемување на просечната плата на над 24 илјади денари.

За само 10 месеци воведени се серија мерки за унапредување на правата на лица со попреченост: олеснето е остварувањето на правото за паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додатокот за мобилност, глувост и слепост се остваруваат без оглед на приходите, обезбедено е скратено време за родителите на деца и лица со попреченост, усвоена е програма за персонална асистенција на лица со попреченост, целосно финансирана од Буџетот и многу други.

Обезбедени се 486 вработувања на неопределено време во детските градинки и уште 138 вработувања во центрите за социјална работа.

Отворени се градинки во повеќе места а наскоро ќе профункционираат градинките и во Зрновце, Прилеп, Чашка, Караслари -Велес, а привршуваат и процедурите за градинките во Маврово Ростуше, Прељубиште, Куманово и Кавадарци.

Во тек е решавање на проблемот на околу 3.000 лица неевидентирани во Матичната книга на родени.

Дополнително, се спроведува најзначајната активност која ќе значи системска промена на социјалната заштита, за обезбедување на повеќе пари за најсиромашните граѓани.

Паралелно со сите овие активности се работи на мерките за стабилизација на пензискиот систем и на подготовка на нов Закон за работни односи.

Ова се само дел од реализираните мерки. Фактите се јасни, за само 10 месеци, Министерството за труд и социјална политика и министерката Царовска направија повеќе отколку 11 години наназад“ се вели во соопштението на СДСМ.

mtspsdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто