СДСМ: Време е Груевски да прифати дека е опозиција, доаѓа нова реформска Влада на граѓаните

Од:

„Огромното мнозинство од граѓаните, на 11 декември избра промени со 700 илјади гласови. Граѓаните гласаа против милионските криминали и злоупотреби, против системското уништување на судството, медиумите, образованието, здравството.

Граѓаните гласаа за реформи, гласаа за повеќе пари во секое семејство преку зголемување на минималната и просечната плата, преку поврат на 15% ДДВ, преку укинување на радиодифузната такса и враќање на евтината тарифа на струјата. Граѓаните гласаа за квалитетни јавни услуги, квалитетно образование и здравство.

Ова се приоритетите содржани во Програмата на новата Влада на Република Македонија. Тоа е единствениот реален документ кој ги гарантира промените и животот за сите граѓани подеднакво во унитарна и суверена Република Македонија.

Ова може да го види целата домашна и меѓународна јавност, освен Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои во обид да се спасат од одговорност прават поделби и шират омраза меѓу граѓаните, и за тоа дури злоупотребуваат и деца.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да се вразумат, да прифатат дека граѓаните не ги поддржуваат и се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта.

Промените доаѓаат! Ќе има и конститутивна седница, и мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат