А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Воспоставуваме систем за социјална заштита за намалување на сиромаштијата

by А1он11/12/2019 - 09:28103
Share0

„Преку одговорни мерки и политики СДСМ покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.

Добивај вести на вибер

Со реформата во социјалната заштита воспоставивме систем за социјална заштита на семејствата што живеат во сиромаштија и воведовме начин за трајно извлекување од сиромаштија.

Го олеснивме пристапот до детскиот додаток, но и ја зголемивме сумата што по овој основ ја добива едно семејство. Воведовме и нови додатоци за поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и деца од домаќинства со ниски примања“, соопштуваат од СДСМ.

„Од воспоставувањето на оваа реформа во мај 2019 детскиот додаток им се исплаќа на 27.130 деца, а образовниот на 8.678 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходно.

До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток, што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно.

Сето ова го правиме за да ја намалиме детската сиромаштија и да им го вратиме достоинствениот живот на луѓето, преку поддршка при вработување и нивно вклучување на пазарот на труд.

Грижата за граѓаните кои живеат во сиромаштија е приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Градиме општество кое отвора еднакви шанси за сите. На прав пат сме!“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Продолжува војната СДСМ-Деспотовски: Хајка на квислингот

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 09:34

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:46

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски29/12/2025 - 11:3929/12/2025 - 11:40

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

Горан Наумовски29/12/2025 - 09:37

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

Горан Наумовски29/12/2025 - 08:29

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он28/12/2025 - 12:1028/12/2025 - 11:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен