СДСМ: Водиме сериозни преговори за стабилно мнозинство, Заев ќе биде новиот мандатар

Од:

„Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев ќе биде мандатарот за состав на новата Влада која ќе ја води државата напред во следните четири години,“ велат во соопштение од Социјалдемократскиот сојуз, кое го пренесуваме во целост:

„Во тек се сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.

Затоа што, успешните политики на СДСМ и Владата која ја предводи се потврдија и на последните парламентарни избори.

Граѓаните го одбраа концептот кој ја води државата напред, концептот кој ги враќа парите назад кај граѓаните и со своето избирачко право потврдија дека сакаат да продолжат по тој пат. Кон градење на нова развојна економија, која креира нови работни места и создава шанса за секој.

Покажавме дека и во време на најголемата светска криза се грижиме за сите граѓани. Преку антикризни мерки со цел зачувување на работните места и оддржување на бизнисите во живот, наместо ставање клуч на врата.

Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка.

Во следните 4 години продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата,“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат