СДСМ: Во заштита на криминалот на власта, медиумските курири водат хајки против СЈО

Од:

Уплашениот Никола Груевски посебно го иритираат независните институции коишто вистински се борат против корупцијата и криминалот.Очигледно продолжуваат опструкциите на работата на Специјалното јавно обвинителство надополнети со хајки што ги спроведуваат медиумските курири, во заштита на криминалот на власта, стои во соопштението на СДСМ.
 
„Тоа покажува колку Никола Груевски се плаши од враќањето на правдата и соочувањето со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите години.
 
Суштинска цел на постоењето на СЈО е да се врати владеењето на правото и правната држава. Законот да важи за сите подеднакво.
 
Затоа Уставниот суд треба веднаш да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за СЈО.
 
Специјалното јавно обвинитлество треба и мора да биде оставено непречено и независно да ја врши своjата законска работа.
 
Срамните и неуставни одлуки за аболиција од страна на Ѓорѓе Иванов мора целосно да бидат поништени.

Ништо не може да му помогне на Никола Груевски, одговорност ќе има. Најмалку манипулациите и измислиците на медиумските курири“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски