СДСМ: Во време на загрижувачкиот бран поскапувања Дневник ја дефокусира јавноста

Од:

„Јасна е тенденцијата на провладиниот весник Дневник, со лажни и шпекулативни пишувања за опозицијата, да ја дефокусира јавноста од низата проблеми во државата.

Во време на загрижувачкиот бран поскапувања, кога власта влегува во ново задолжување со високи камати за да покрива буџетски дупки, во време на етнички проблеми, што се резултат на штетните политики на Груевски и Ахмети, во време кога СДСМ покрена повеќе иницијативи за коишто Дневник не информира, истиот овој медиум манипулира за внатрепартиски прашања во СДСМ.

Новинарката Лепа Ѓоргиевска и весникот Дневник, од СДСМ и од Центарот за комуникации со јавност секогаш добивале и натаму ќе добиваат редовни и навремени одговори, за сите прашања и покрај случаите со текстови во коишто беа пласирани лаги и при официјално даден став.

За текстот во денешниот број на весникот, новинарката Ѓоргиевска не побара официјална информација од СДСМ, што ја покажува нивната намера за пласирање невистини.

Претседателот Зоран Заев ќе биде на годишен одмор 10 работни дена, согласно работните обврски како градоначалник на општина Струмица и како претседател на СДСМ. Состаноците на сите партиски тела се одвиваат редовно и тековно, во согласност со предвидената динамика за работа“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ