СДСМ: Во време на најголема сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ безмилосно троши пари за непотребен луксуз

Од:

„Во време на најголема сиромаштија и гладни граѓани, тие што безмилосно ги трошат парите на народот за непотребен луксуз, наместо за потребите на граѓаните, денес се појавија на Појадок на мост.

Срамно е она што денес го направија Коце Трајановски и министрите во Владата на Груевски кои пред јавноста сакаа да покажат милосрдие кон дел од гладните граѓани.

Ова се случува во услови кога градоначалникот Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ се луксузираат со астрономски износи од 18 милиони евра за Панорамско тркало и 10 милиони евра за луксузна зграда на ЈП Водовод.

Безобразното поигрување со потребите и чувствата на граѓаните денес срамно беше продолжено.

Наместо да ги понижува граѓаните нудејќи им милосрдие, наместо да ги троши парите за раскош и луксуз, власта треба да се зафати со решавање на егзистенционалните проблеми на своите граѓани.

Само така Груевски и Трајановски ќе покажат дека имаат желба да се грижат за илјадниците граѓани кои не можат да си дозволат ниту достоинствен појадок“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски