СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека во Град Скопје ги чека нов пораз па затоа секојдневно измислуваат и манипулираат

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ги засилува лажни вести против Петре Шилегов онака како што се наближува датумот за избори и извесниот пораз што оваа партија ќе го доживее во главниот град“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да понуди ништо конкретно па затоа мора секојдневно да лаже и да манипулира измислувајќи нови конструкции.

27 години ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за Скопје, напротив,го уништуваше градот за лични и бизнис интереси на поединци а најеклатантен пример за тоа е проектот Скопје 2014.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што градот се отвора и развива рамномерно, не може да се помири што на 17 октомври им следува нов убедлив пораз па затоа постојано мора да шират лажни вести, невистини и неосновани напади“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски.
.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цела јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски ги поддржува насилниците

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија