СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ има група која е за ЕУ и не мисли како Мицкоски

Од:

Уставните измени мора да се донесат што поскоро во македонското собрание за да продолжи европскиот пат на државата велат од СДСМ.

– Во периодот што следи главниот фокус треба да биде на уставните измени за внесување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот. Ова е сериозен процес, за кој сите чинители во државата треба да го дадат својот придонес, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, се работи за стратешки интерес на државата. Се повеќе пратеници и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да дадат поддршка, тие знаат дека нема ништо лошо во уставните измени и тие се за да се продолжи патот кон ЕУ. Во ВМРО-ДПМНЕ има сериозна група која е за Европската унија и која не мисли како Христијан Мицкоски. Мицкоски останува класичен антиЕУ политичар, кој досега не поддржа ниту една одлука за зачленување на државата во Европската унија, се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?