СДСМ: Во последните 4 години се случиле дури 17 убиства на жени, жртви на семејно насилство

Од:

„Последниот случај во Кавадарци само ја потенцираше црната слика од нефункционирањето на институциите кои треба да спречат насилство.

За лошите резултати од работата на оваа власт во делот на заштитата од семејно насилство говорат и следните факти: Во последните 4 години се случиле дури 17 убиства на жени, жртви на семејно насилство.

Мора да го информираме министерот Диме Спасов дека сите превентивни и заштитни мерки во законот, кои се посочуваат во реакцијата на Министерството за труд и социјална политика, веќе постојат во Законот за семејство. Власта не нуди ништо ново со новиот закон.

Го известува ли некој министерот во Министерство за труд и социјална политика или лажно го убедуваат дека се почнува со него?

Очигледно е дека министерот не го прочитал ниту Законот, штом дозволил реакција во која се тврди дека не се нуди законска привилегија за богатите. Го упатуваме министерот да го прочита Член 62 од Законот кадешто децидно стои:

„Глоба во износ од 2.500 до 5.000 евра во денарска противредност ќе му се изрече на сторителот на семејното насилство, кој нема да ја почитува или ќе ја прекрши  изречената привремена мерка за заштита……“,  се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на Министерството за труд и социјална политика за пресот на М.Царовска.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски