СДСМ: Во Македонија нема место за нова верзија на Груевизмот со Тошковски во главна улога

Од:

Министерот Панче Тошковски оди по стапките на Никола Груевски. Со предлог измените на Законот за полиција подготвува партиска милиција под негова контрола. Какви реформи, какви бакрачи, Тошковски го претвора МВР во параполициски апарат за заштита на криминал и партиски интереси на ВМРО-ДПННЕ. Класичен рецепт за полициска држава. Предлог-законот за полиција којшто Тошковски го предлага е опасен, антиевропски и длабоко корумпиран, со многу скандалозни измени кои потврдуваат дека целта е целосна партизација на полицијата, тврдат од СДСМ.

– Тошковски ги урива и драстично ги намалува критериумите за образование и искуство за највиоските оперативни позиции во полицијата. Го елиминира кариерниот систем, дури и началник на СВР по рецептот на Тошковски да може да биде било кој што тој ќе одлучи. Ги укинува регионалните гранични центри, што е директерн удар врз контрола на границите. Сака да овозможи бришење на полициски податоци – што е опасен механизам за прикривање на криминал.

Тошковски ги дискриминира младите – со подигање на старосната граница се отвора место само за партиски вработувања во полицијата. Го брише членот што спречува вработување на осудени лица – полицијата станува прибежиште за криминалци. Ова е директен удар врз системот за безбедност и заштитта на граѓаните и удар врз професионалците во МВР. Ова не е ништо друго туку правење партиска милиција под капата на Тошковски. СДСМ бара итно повлекување на предлог-законот и прекин на узурпацијата на МВР. Полицијата мора да биде во служба на граѓаните – не алатка на партиска мафија. Во Македонија нема место за нова верзија на Груевизмот со Тошковски во главна улога, изјаија од СДСН.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Ева има потреба од сите нас – да му помогнеме на десетгодишното девојче од Охрид

Осум пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ